Гевгелија ќе аплицира за поддршка на руралниот развој со три проекти

Од:

Во програмата за финансиска поддршка на руралниот развој во 2018 година, општина Гевгелија ќе аплицира со три проекти кои од страна општинските советници денеска беа потврдени како приоритетни.

Првиот проект ја предвидува изградбата на последните два километри од локалниот пат Негорци-Серменин, чија изградба финансиски еднаш веќе беше подржана од програмата за подршка на руралниот развој.

Вториот проект се однесува на ревитализација на улицата „Методија Андонов-Ченто“ во селото Мрзенци, поточно на централната влезна улица во ова населено место кое практично претставува приградска населба на Гевгелија, а со третиот проект се предвидува изградба на локален пат од селото Давидово до манастирот Свети Илија.

Покрај ова, општините Гевгелија и Богданци преку Југоисточниот плански регион заеднички ќе аплицираат со проект кој се однесува на изградба на патот Богородица-Стојаково-крстосница кај бензинската пумпа „Шимов“ кој беше утврден како приоритетен за финансиска подршка од програмата за рурален развој.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија