Германскиот извоз падна за прв пат по четири месеци

Од:

Германскиот извоз падна во јули за прв пат по четири месеци, како одраз на намалените испораки во САД и Русија, покажаа прелиминарните податоци на заводот за статистика.

Извозот во јули, според сезонски и календарски приспособените податоци, е намален за 2,1 отсто во однос на јуни, на 131,3 милијарди евра. Паднал и увозот, за 1,5 отсто, на 125,9 милијарди евра.

Надворешно-трговскиот биланс за јули покажа суфицит од 5,4 милијарди евра, за 13 отсто помалку од јуни. Во јули минатата година изнесуваше 17,5 милијарди евра, покажуваат податоците на Дестатис. На годишно ниво извозот е зголемен за 14,3 отсто, а увозот за 29,3 отсто.

Во првите седум месеци од оваа година, вредноста на германскиот извоз на стоки достигна 886,9 милијарди евра, што е за 13,4 отсто повеќе во однос на истиот период претходната година, и покрај војната во Украина и падот на извозот во Русија.

Трговијата со Европа е забавена

Германија на трговските партнери во ЕУ извезла стоки во вредност од 73,4 милијарди евра или еден отсто повеќе отколку во јуни. Увозот од таа група земји е намален за 1,2 отсто, на 62,1 милијарди евра.

Вредноста на стоките извезени во земјите од еврозоната изнесува 51,2 милијарди евра, што е зголемување за 1,4 отсто. Увозот, пак, е намален за 2,6 отсто, на 41,9 милијарди евра. Вредноста на извозот во земјите од ЕУ кои не се во еврозоната се задржа на нивото од јуни и изнесува 22,2 милијарди евра. Вредноста на увозот е зголемена за 1,9 отсто, на 20,2 милијарди евра.

Намален извозот во САД и Русија

Во јули извозот на стоки во земјите надвор од ЕУ е намален за 5,6 отсто, на 58 милијарди евра. Увозот е намален за 1,8 отсто, на 63,8 милијарди евра. Германските компании најмногу извезувале во САД, но вредноста на извозот на стоки паднала за 13,7 отсто во однос на јуни, на 12,3 милијарди евра.

Извозот во Русија е намален за 15,1 отсто, на една милијарда евра. Увозот падна уште повеќе, за 17,4 отсто, на 2,9 милијарди евра, објави Дестатис. Извозот во Кина, втората по големина економија, речиси стагнираше и изнесуваше 8,9 милијарди евра.

Кина беше и главниот извор на германски увоз, но неговата вредност падна за 11,5 отсто во однос на јуни, на 15,1 милијарди евра. Намален е и увозот од САД, за 7,6 отсто, на 7,9 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“