Германските компании се подготвуваат да ги намалат своите инвестиции во Велика Британија откако земјата реши да ја напушти ЕУ, а финалната одлука фирмите ќе ја донесат во текот на преговорите за заминување меѓу Лондон и Брисел.
Анкетата на Здружението на германски трговски комори и индустрија (ДИХК) меѓу 6500 германски фирми покажува дека една третина од тие што имаат свои филијали во Велика Британија планираат да ги скратат инвестициите на островот. Причините се зголемената несигурност на пазарот на среден рок и долгорочните последици од „Брекситот’, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
„Политичката и правната несигурност по референдумот веќе е причина една од четири гермаснки фирми да го намали извозот а британскиот пазар“, вели претседателот на ДИХК Ерик Швајцер во изјава за германските медиуми.
ДИХК смета дека германскиот извоз во Велика Британија ќе се намали од 1 отсто годинава до 5 отсто во 2017 година, што ќе придонесе за губење на работни места и во Германија и во Велика Британија.