General Motors отвора 1.500 работни места во новиот технолошки центар

Од:

Американскиот автомобилски гигант General Motors најави дека во Мичиген ќе отвори нов информативно-технолошки центар, каде има намера да вработи до 1.500 лица.

Тоа е вториот од вкупно четири планирани иновациски центри, вклучувајќи го неодамна најавениот во Остин во Тексас, каде ќе бидат вработени 500 лица.

„Моментно сме во потрага по нова генерација визионери кои би помогнале во покренувањето на нова ера во автомобилските иновации  во General Motors“, се вели во соопштението на компанијата.

Најголемиот американски производител на автомобили планира да се пренасочи на информатичко-технолошки модел базиран на сопствени решенија со цел да ја подобри изведбата, се намалат трошоците на тековното работење и да се подигне нивото на иновации за купувачите на производите на General Motors.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“