Гелова: Заев и СДС за 4 ипол месеци ја задолжија државата за над половина милијарда евра

Од:

„Расипничката владата на СДС и Зоран Заев, само два дена по избори ја задолжи Република Македонија за нови 40 милиони евра.

Владата неодговорно и безмилосно ја задолжува државата и идните генерации, без да каже на што и како се трошат парите кои со камата утре ќе ги враќаме ние и нашите деца.

За само 4 ипол месеци криминалната влада на Заев ја задолжи државата за над 360 милиони евра. Но, на алчноста и нема крај. На СДС и Заев не им се доволно 360 милиони евра, па од државните девизни резерви без постоење на реален основ испумпаа 180 милиони евра, тоа се над 540 милиони евра кои СДС ги потроши без да направи некоја капитална инвестиција и без да им каже на граѓаните каде ги потроши парите за кои сите ние плаќаме камати.

Расипништвото на СДС нема граници.

Заев и СДС за 4 ипол месеци ја втурнаа државата во долг од над половина милијарда евра. Доколку владата на СДС продолжи со ова темпо на неосновано задолжување за една година ќе ја задолжи државата за повеќе од една ипол милијарда евра.

Владата на СДС е владата која најмногу ја има задолжено Република Македонија. Владата треба веднаш да запре со неоснованото задолжување и да им одговори на граѓаните на што и како потроши над половина милијарда евра.

Граѓаните и идните генерации не се ни најмалку должни да го плаќаат луксузниот живот на партиските послушници на СДС и Зоран Заев.

СДС ќе одговора пред идните генерации за уништувањето на нивната иднина.

Граѓаните можат да стават крај на ваквиот расипничкиот однос на Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев и да ја вратат Република Македонија, од провалијата кон која упорно не носи СДС“, изјави Соња Гелова Стојанова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата