Ferrari потврди дека на Саемот за автомобили во Женева ќе го претстави наследникот на моделот Enzo и истиот ќе се вика Ferrari F70.
Веќе е познато дека моделот Ferrari F70 ќе биде најмоќниот модел за употреба на јавните улици кој што оваа легендарна италијанска компанија некогаш го направила. Опишан како хипер-автомобил, овој модел “поседува” многу повисока технологија од онаа која што досега беше привилегија само за болидите за Формула 1.
Тоа е уште една причина повеќе за да и веруваме на компанијата, која што тврди дека новиот автомобил ќе биде брз како Формула 1 болидот, со иста количина на остварена потрошувачка.
Новиот автомобил ја добива моќта од модифицираниот V12 мотор. На моќта од 800 коњски сили ќе бидат додадени и дополнителни 150 коњски сили кои што ќе ги овозможува системот “KERS”.