Формирана Асоцијација на професионалци во јавните набавки

Од:

Во Скопје деновиве е формирана првата Асоцијација на професионалци во јавните набавки (АПЈН) во Република Македонија.

Како што соопшти Асоцијацијата, целта е давање придонес за градење и одржување на ефикасен и транспарентен систем за јавни набавки во земјата согласно европските директиви, насоки и упатства, како и националното законодавство од областа на јавните набавки и добрата пракса во оваа област, промовирање и развој на струката на идентитетот на струката, залагање за унапредување на професијата на јавните набавки и подобрување на знаењето на лицата вклучени во процесот на јавните набавки во земјата согласно националното и ЕУ законодавство.

АПЈН, како што се посочува, ќе се залага да обезбеди што повеќе искуства од областа на јавните набавки за нејзините членови и партнери, да се создаде околина на добра пракса и примена на Законот за јавните набавки и неговите подзаконски акти и друго.

Асоцијацијата ги повикува во нејзината работа да се вклучат сите заинтересирани страни, фирми, експерти и соработници од институциите, преку поддршката и заедничка поголема промоција на јавните набавки.

Повеќе информации за Асоцијацијата, чиј претседател е Борче Христов, може да се добијат на веб страната www.apjn.mk.

Би можело да ве интересира

Пад на вредноста на општинските тендери во 2022 година за една третина

Повеќе од 400 милиони евра договори за јавни набавки се склучени во постапки на кои имало само една понуда

Секоја втора фирма која учествува во тендери во земјава вели дека има корупција

Центар за граѓански комуникации: Високи ризици од корупција и судир на интереси во набавките за Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Институциите се должни да ги објавуваат јавните набавки на веб страниците

Катерина Ѓуровски

Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите