Forbes: Бил Гејтс „тежи“ 81 милијарда долари

Од:

Бил Гејтс, повторно, по 21-ви пат е најбогат Американец. Гејтс „тежи“ 81 милијарда долари.

Втор по богатство од 67 милијарди долари е Ворен Бафет, извршен директор на Berkshire Hathaway Inc.

Трет е Лери Елисон, основач и извршен директор на Oracle Corp. кој неодамна ја најави неговата оставка, со богатство од 50 милијарди долари.

На списокот на Forbes 400 има 27 нови имиња. Најбогатиот нов член е Јан Коум кој поседува 7,6 милијарди долари. Коум е основач на WhatsApp.

Само три лица од новите на листата се жени – Елизабет Холмс, Карен Џонсон Бојд и Џозефин Луис.

Најмлади милијардери се 30-годишните Дастин Московиц со богатство од 8.1 милијарда долари и Марк Џукерберг кој има богатство од 34 милијарди долари. И двајцата се коосновачи на Facebook.

mark_zukerberg_facebook

Цукерберг е милијардер кој најмногу го зголемил неговото богатство од 2013 година, поточно од 15 на 34 милијарди долари.

Има и доктори кои поседуваат кои тежат милијарди.

Доктор Оз е можеби најпопуларниот, но не и најбогатиот доктор. Д-р. Патрик Сун-Шеонг вреди 12 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Џеф Безос четврта година по ред е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Форбс: Ворен Бафет во клубот на најбогатите со повеќе од 100 милијарди долари

Ана Ололовска

Форбс: Најбогатите луѓе на планетата во 2020 година станале побогати за 1.9 трилиони долари

Ана Ололовска

Меркел по десетти пат на врвот на листата на Форбс на најмоќни жени

Ана Ололовска

Форбс: Кајли Џенер и Кање Вест повторно со најголема годишна заработка

Ана Ололовска

Роналдо, Меси, Леброн, Нејмар и Федерер се најдоа во топ 10 најбогати познати личности

Ана Ололовска