Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегин ги обединуваат светските и домашните експерти за аутизам и АДХД на конгрес во Скопје

Од:

Скопје ќе биде домаќин на голем меѓународен конгрес во областа на аутизмот и АДХД, кој ќе се одржи од 13 до 15 ноември во хотелот Лимак. Овој настан ќе отвори можност за врвните меѓународни и домашни експерти да ги споделат најновите истражувања, пристапи за третман и стратегии за застапување на лицата со аутизам и АДХД.

Конгресот е организиран од Фондацијата “Др. Верица Механџиска” во соработка со Зегин, здружението на педијатри на Македонија и здружението “Во мојот свет”како дел од пошироката кампања за подигање на свеста и целосната инклузија. По хуманитарната трка „Зегин Спектратон“, ова е уште еден важен чекор кон создавање пристапни и поддржувачки средини за лицата со аутизам и АДХД во нашата држава и пошироко.

Меѓународниот конгрес ќе обедини врвни педијатри, генетичари, психолози и невропсихијатри од САД, Русија, Шпанија, Финска, Турција, Велика Британија, Швајцарија, Србија, Хрватска и Косово.

Покрај меѓународните предавачи, на конференцијата ќе учествуваат и истакнати македонски стручни лица, вклучувајќи педијатри, психијатри, логопеди, дефектолози, гинеколози, генетичари и психолози, кои ќе споделат најдобри практики и нови стратегии за подобрување на квалитетот на живот, поддршка за развојот на вештините и социјалната интеграција на лицата со аутизам и АДХД во регионот.

Присутните ќе имаат уникатна можност да ја слушнат и претседателката на АДХД Европа, Нина Ховен од Финска, која ќе ги презентира најновите достигнувања и предизвици поврзани со АДХД низ Европа.
За скриените потенцијали кај лицата со аутизам ќе зборува Јуриј Кропотов од Русија, пионер во невронауката, додека микробиологот Најџел Пламер од Велика Британија ќе ја истражува улогата на пробиотиците во подобрување на квалитетот на живот кај лицата со аутизам и АДХД. Експертот за неврофидбек терапија, Андреас Мулер од Швајцарија, ќе зборува за невробиолошките мрежи и коморбидните дисфункции кај аутизмот и АДХД.

Ричард Г. Болес, генетичар и педијатар од САД, ќе открие повеќе за митохондријалната дисфункција кај аутизмот, која е честа појава и може да отвори нови можности за третман, како и за влијанието на генетското тестирање врз терапевтските исходи. Од САД доаѓа и неврологот Ричард Фрај кој ќе ги презентира невроразвојните и неврометаболните нарушувања кај лицата со аутизам.

За важноста на раните интервенции во случаите на невроразвојни нарушувања ќе зборува Милица Пејовиќ Милованчевиќ, детски психијатар од Србија, а Фусун Четин Чухадароглу од Турција, психијатар за деца и возрасни, ќе се осврне на третманите за самоповредувачко однесување.

Рафаел А. Капарос – Гонзалес, психолог и акушер од Шпанија, ќе ги образложи ефектите на стресот кај мајките врз потомството, вклучително и влијанието врз невроразвојот на децата. Мимоза Шахини, детски и семеен психијатар од Косово, ќе се фокусира на зависноста од интернет и АДХД кај адолесцентите и возрасните, додека Саша Јевтовиќ, психијатар од Хрватска, ќе сподели детали за истражувањата на АДХД кај возрасните, од сомневање до дијагноза.

„Овој настан не само што претставува можност за споделување на научни напредоци, туку и непроценлива можност за вмрежување на здравствените работници, истражувачите, едукаторите и семејствата посветени на унапредување на грижата за лицата со аутизам и АДХД. Крајната цел е подигнување на свесноста, намалување на бариерите во општеството и поддршка за целосната инклузија на лицата со аутизам и АДХД во сите сфери на животот“ – истакнуваат организаторите.
Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегин продолжуваат со својата заложба за општествена одговорност и инклузивност, создавајќи трајни промени преку подигање на свеста и поттикнување на општествената поддршка. Нивната конечна цел е инспирирање на целата заедница да придонесе за создавање на хуман свет за сите.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Компанијата ЗЕГИН е дел од најуспешните во македонскиот деловен свет

Компанијата „ЗЕГИН“ го отвори својот тренин Центар за обука на вработените

Успешно заврши Меѓународниот турнир во пинг понг ЗЕГИН Опен 2024

Меѓународниот турнир во пинг понг „Зегин Опен 2024“ викендов по трет пат ќе се одржи во Берово

„Зегин“ со поддршка за Регионалната конференција за млади излекувани од канцер

Совети за здраво и долго лето