Фил Хоган со намери за кандидат за нов шеф на СТО

Од:

Европскиот комесар за трговија Фил Хоган размислува да се кандидира за нов генерален директор на Светската трговска организација (СТО), изјави неговиот портпарол.

Раководната функција во СТО ќе биде испразнета на крајот на август, откако актуелниот директор Роберто Азеведо најави оставка една година пред крајот на мандатот.

Следниот извршен директор ќе се соочи со зголемени тензии меѓу САД и Кина и зголемениот протекционизам, влошен од пандемијата Ковид-19. Новиот шеф на организацијата исто така ќе треба да почне преговори за ограничување на прекумерниот риболов и да дефинира нови правила за е-трговија. Ирецот Хоган е европски комесар од 2014 година – првично во областа на земјоделството, а од крајот на 2019 година тој беше надлежен за трговија.

Тој во четвртокот изјави воЕвропскиот парламент дека би било одлично еден Европеец да стане следниот шеф на организацијата со седиште во Женева.

Други потенцијални кандидати се шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалез Лаја и холандската министерка за надворешна трговија и развој Сигрид Каг.

Прашањето за кандидатурата може да стане централна тема на состанокот на 9 јуни на европските министри за трговија. Тогаш е можно ЕУ да предложи единствена кандидатура. Членките на СТО можат да ги номинираат своите граѓани како кандидати од 8 јуни до 8 јули.

Би можело да ве интересира

Русија, засега, не се повлекува од СЗО, СТО и ММФ

Ана Ололовска

Русија планира да ги напушти Светската здравствена и Светската трговска организација

ЕУ ја тужи Британија пред СТО поради зелените субвенции

Ана Ололовска

СТО го одложи министерскиот состанок поради новиот „омикрон“ сој на коронавирусот

Ана Ололовска

Шефицата на СТО ги повика земјите да ги укинат трговските бариери кои ги воведоа во пандемијата

Жарко Настоски

Окоњо Ивеала: Работите во СТО ќе ги променам од темел, приоритет пандемијата

Ана Ололовска