„Фич“: Изборот на Трамп ја зголеми несигурноста во светот

Од:

Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД ја зголемува несигурноста во светот, се наведува во извештај на меѓународната рејтинг агенција „Фич“. 

Победата на претседателските избори во САД во ноември на републиканецот Доналд Трамп и нејаснотиите околу понатамошната политика на САД, автоматски предизвикува различен степен на несигурност за многу земји, се наведува во соопштението на „Фич“. 

Промените во политиката на САД можат да имаат различен степен на глобални последици, ако се земе предвид улогата на земјата со најголемата светска економија и нејзината исклучителна дипломатска и воена моќ, објаснуваат аналитичарите. 

Поконкретно, плановите на Трамп за ревизија на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА) ќе има директни последици за Канада и Мексико. 

Според „Фич“, вртењето на САД кон трговскиот протекционизам за возврат ќе има значајно влијание врз економиката на Кина и другите азиски земји. 

Според мислењето на експертите од „Фич“, изјавите кои Трамп ги даде во предизборната кампања во врска со надворешната политика не се конкретни. 

Агенцијата исто така претпоставува дека евентуалното намалување на воениот потенцијал на САД може да доведе до зголемување на воените расходи во Европа, Азија и Блискиот исток.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски