Фич го потврди „ББ“ рејтингот на Македонија

Од:

Фич го потврди „ББ“ рејтингот на Македонија. Како што наведуваат од кредитната агенција, потврдата на рејтингот се должи на добрата монетарна и солидната и прудентна макроекономска политика.

Фич посочува дека земјата согласно економските перформанси и резултати заслужува и повисок ранг, но поради политичката криза тие само го потврдуваат рејтингот.

Согласно проекцијата на Фич, македонската економија во 2016 година забележала раст од 2,6 отсто од БДП. За 2017 агенцијата смета дека Македонија ќе има економски раст од 3,4 отсто благодарение на растот на извозот и на јавните и приватните инвестиции.

Фич ја оценува фискалната позиција на Македонија како „над ББ рејтингот“, а јавниот долг како одржлив. Дефицитот на тековната сметка е адекватно финансиран од приливите на странските директни инвестиции.

Денарот е стабилен, како што посочуваат од Фич, благодарение на посветеноста на Народната банка за одржување на стабилноста. Банкарскиот сектор останува стабилен, добро капитализиран и ликвиден. Благодарение на мерките на НБРМ зголемено е и нивото на депозити во банките.

Како клучна забелешка на Агенцијата е дека најголемата закана за македонската економија е пролонгирањето на политичката криза, за која велат дека е тешко да се прогнозира кога ќе заврши. Сепак посочуваат дека фискалната и монетарната политика се поставени на здрави основи, поради што го потврдуваат кредитниот рејтинг.

Би можело да ве интересира

„Фич“: Здравите основи на банкарскиот сектор придонесуваат за ублажување на шокот од пандемијата

Ана Ололовска

„Фич“ го потврди рејтингот на земјава „ББ+“ со негативен изглед

Ана Ололовска

Фич ги намали можностите за девизно задолжување на Јапонија на „негативни“

Ана Ололовска

Потврден кредитниот рејтинг на земјава

Ана Ололовска

„Стандард и Пурс“ и „Фич“: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав и останува стабилен

Ана Ололовска

Фич и Стандард и Пурс го потврдија кредитниот рејтинг на земјава

Ана Ололовска