Еврогрупата го одобри договорот меѓу Грција и кредиторите

Од:

Еврогрупата на вонредно заседание синоќа го одобри првичниот договор меѓу Грција и нејзините кредитори околу пакетот реформи предвидени со програмата за спас на земјата, објави весникот „Катимерини“.

Договорот меѓу Атина и кредиторите, кој беше постигнат пред три дена, го трасира патот за исплата на следната транша од кредитите за помош на Грција.

Според весникот, на вонредната средба на Еврогрупата не било разгледувано барањето на Атина за отпишување на грчкиот долг.

Претставник на Еврогрупата во изјава за „Катимерини“ нагласил дека учесниците на средбата го поздравиле договорот меѓу грчките власти и кредиторите, но дека одлуката за исплата на следната транша од помошта ќе биде донесена дури откако Грција ќе ги усвои мерките за штедење, кои инвеститорите ги бараат од неа.

Тој додал и дека на средбата не било разгледувано барањето на Атина за отпис на долгот, нагласувајќи дека е неопходно да се направи детална анализа за неговата одржливост.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент