Еврогрупата ги прекина сите контакти со Грција до референдумот

Од:

Министрите за финансии од еврозоната му порачаа на грчкиот премиер Алексис Ципрас, дека ќе ја разгледаат неговата молба за нов спасувачки заем по резултатите од референдумот в недела.

– Ние ќе се вратиме на вашата молба за поддршка за финансиска стабилност од Европскиот стабилизациски механизам само по и врз основа на резултатите од референдумот, му напишал на Ципрас, холандскиот министер за финансии Јерун Дејселблум, кој претседава со Еврогрупата.

Министрите за финансии од еврозоната синоќа имаа телеконференција на која одлучија да не ги обновуваат преговорите со Атина пред референдумот, на кој Ципрас ги повика гласачите да го отфрлат претходниот предлог на кредиторите.

Во изјавата објавена на Интернет, Дејселблум посочи дека во следните денови нема да има други разговори со Грција, ниту на ниво Еврогрупата, ниту меѓу грчките власти и кредиторите.

– Сега само ќе го почекаме резултатот од референдумот в недела и ќе го земеме предвид, истакна Дејселблум. – Јас многу жалам за ситуацијата, имајќи ја предвид силната непоколебливост на грчкиот народ да биде дел од Европа и да остане дел од еврозоната, што ние целосно го поддржуваме, рече претседателот на Еврогрупата.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина