ЕУ – Западен Балкан инвестициски форум во Белград

Од:

Форум за унапредување на инвестициската клима меѓу ЕУ и Западен Балкан се одржува денеска во Белград во организација на Генералниот директорат за проширување на ЕК. Форумот, како што е најавено, ќе го отворат европскиот комесар Јоханес Хан, министерот за економија на Албанија Милва Економи и претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска.

Целта на форумот „Еу – Западен Балкан инвестициски форум“ е да ја истакне важноста на координацијата на економските политики за унапредување на економскиот и општествен напредок, во стратегијата на проширување на ЕУ.

На првата панел сесија Хан, Арсовска и Економи заедно ќе дискутираат за структурните реформи потребни за подобрување на инвестициската клима, регионалната економска интеграција, како и приближувањето кон единствениот пазар на ЕУ.

Лидерите на Западен Балкан креатори на економските политики, инвеститорите на ЕУ, регионалните и локалните бизниси на тематските панел сесии ќе разговараат и за моделите кои водат кон зголемено учеството на приватниот сектор во креирањето и спроведувањето на структурните реформи.

Конференцијата се одржува две недели по годишниот економски и финансиски дијалог на ЕУ со земјите на Западен Балкан и Турција во Брисел.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски