ЕУ го одобри воведување данок на финансиски трансакции

Од:

Единаесет земји од еврозоната денеска од остантите европски партнери добија зелено светло за воведување на контроверзниот данок на финансиски трансакции (ДФТ), изјави францускиот заменик министер за финансии Беноа Хамон.

-Механизмот за засилување на соработката е одобрен, рече Хамон, мислејќи на постапката што на група од минимум девет земји, односно третина од членките н ЕУ, им овозможува да покренат и спроведат во дело соодветна законодавна иницијатива, пренесуваат француските медиуми.

Велика Британија остро се спротивстави на усвојувањето на ваквата иницијатива, но не застана на патот на воведувањето на ДФТ, што првично го предложија Франција и Германија, на кој потоа им се приклучија и Австрија, Белгија, Грција, Португалија и Словенија, а по нив и Италија, Шпанија, Словачка и Естонија.

Европската комисија предложи да се воведе данок од 0,1 отсто на трговијата со акции, а трговијата со финансиските деривати да се оданочува со 0,01 отсто.

Би можело да ве интересира

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина