„Ериксон“ го доби договорот во Индија од милијарда долари

Од:

Индискиот мобилен оператор „Рилајенс комуникејшнс“ му додели на шведскиот произведувач на телекомуникациска опрема „Ериксон“, осумгодишен договор вреден милијарда долари за управување на одделни мрежи.

„Ериксон“ ќе управува со секојдневните операции на фиксните и бежичните мрежи на РКом во северна и западна Индија, наведено е во заедничкото соопштение на двете компании.

– Целта на овој договор е да се задоволи брзорастечката побарувачка на клиентите за комуникациски апликации и услуги во еден од најдинамичните светски телекомуникациски пазари, се додава во соопштението.

Компанијата „Рилајенс комуникејшнс“ е трет најголем мобилен оператор во Индија, со околу 134 милиони претплатници.

Би можело да ве интересира

Лавров: Решавајте ги несогласувањата преку политички и дипломатски средства

Пакистан очекува воен напад од Индија, војниците на двете земји се држат на нишан

Трамп: Имам потенцијални договори со Индија, Јужна Кореја и Јапонија

Индискиот премиер нареди: Одлучете за цели, метод и време

26 загинати, 17 повредени во напад врз туристи во Кашмир

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски