Во рамки на 60. седница на Собранието на Република Македонија, на 18 октомври 2018 година, за вицегувернери на Народната банка на Република Македонија беа именувани м-р Емилија Нацевска и м-р Ана Митреска, кои по спроведен оглас беа предложени од гувернерката, д-р Анита Ангеловска-Бежоска.
Ден потоа, пред стапувањето на функцијата, тие дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Собранието на Република Македонија, без ниту еден глас против, и без ниту еден воздржан, застана зад определбата високиот професионализам да биде основниот двигател при раководењето, носењето на одлуките и севкупното работење на централната банка. Само таквата, препознаена определба го гарантира континуитетот на успешното водење на монетарната политика и развојот на севкупното централнобанкарско работење во нашата држава, соопштуваат од НБРМ.