Економскиот пад може да поттикне подобрување на односите

Од:

Диенас бизнис – Рига

Уште од самиот почеток, можеше да се очекува дека годинава ќе биде лоша за руската економија. Единственото прашање беше каков ќе биде обемот на проблемот. Што се однесува до ситуацијата на рускиот девизен пазар, таму курсот на рубљата во однос на еврото сега е близу до нивото од крајот на минатата година.

Тоа значи дека ситуацијата на извозниците во Русија нема да им стане потешка. Но, истото не може да се каже и за развојот на руската економија, чие темпо на пад се забрзува.

Руската влада објави оценки според кои економскиот пад во третото тримесечје на тековната година, достигнал 4,3 проценти во однос со истиот период лани. За споредба, во второто тримесечје падот беше два проценти, а во првото 1,5 проценти. Во целина, руската економија забавува веќе пет квартали по ред.

Главната причина за таа тенденција е поветинувањето на нафтата, чија цена падна за над 50 проценти во однос на максимумот кој беше достигнат во текот на летото минатата година. Освен тоа, понудата останува висока и покрај силниот пад на цената на црното злато. При секој обид цените благо да се покачат, понудата расте уште повеќе, а тоа повторно удира врз котациите.

Логично, тоа не и е во корист за руската економија. Како што пред извесно време истакна економската анализа објавена во дневниот весник „Ведомости“, со моделот на руската економија кој постои во последниве години, раст може да се очекува само ако се задржи растечка тенденција на цените на нафтата.

Откако курсот на рубљата во однос на странските валути на крајот успеа да постигне определена стабилност, Русија веќе не може да смета на тоа дека цената на нафтата и покрај падот во долари, при пресметување во рубљи ќе расте – а тоа овозможи некако да се закрпи државниот буџет.

Во перидот на наглиот пад на рубљата, еден барел нафта од видот „брент“ чинеше околу 3.800 рубљи, па дури и повеќе – сега е малку над 3,000 рубљи. Ситуацијата се влошува и поради воените активности на Русија во странство, како и од фактичкото финансирање на регионите окупирани од армијата, за што истекува пари од руската економија.

За земји со силна финансиска основа, како што се САД, воената активност значи нови нарачки за индустријата и секторот услуги, без финансиски притисок врз граѓанските гранки, што придонесува за економски развој.

Но, финансиската ситуација во Русија е сосема различна. Навистина, определена корист може да се појави за Западот, вклучувајќи и за Летонија, а со текот на времето – и за самата Русија.

На база на мачната финансиска ситуација, Русија може да стане поотстаплива, на пример, кон ембаргото за увоз на прехрамбени производи од западните земји. Полесно може да се реши и проблемот со Украина. Тоа ќе доведе до намалување на санкциите и економските затегнатости.

Финансиските дефицити можат да ја принудат Русија да ја зголеми добивката на суровини и покрај падот на цените на светските пазари. При услови за такво сценарио, можеме да се надеваме на пораст на трговијата во латвиските пристаништа.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација