Економската заедница на АСЕАН критички ќе ги применува искуствата на ЕУ

Од:

По формалното прогласување на почетокот на создавањето на Економската заедница на АСЕАН (АЕК), за која се вели дека ќе функционира на принципите на Европската Унија, во јавноста во југоисточна Азија се почесто се споменуваат и анализираат кризите во ЕУ во последниве пет години, но политичарите од овој регион смируваат, порачувајќи дека ќе се користат добрите, а ќе се избегнуваат лошите пракси во функционирањето на ЕУ.

АЕК во две фази, од почетокот на оваа до 2020 и до 2025 година треба да биде заедница во која над 650 милиони жители на 10 држави од АСЕАН ќе имаат заеднички пазар и слободна размена на луѓе.

Во рамките на АСЕАН ќе се преземаат акции за релативно изедначување на развојот на сега подобрите економии на Индонезија, Сингапур, Малезија, Брунеи и Тајланд, со помалку развиените економии на Виетнам, Камбоџа и Филипините, како и најсиромашните Камбоџа и Лаос. Само за инфратструктурни инвестиции во сообраќајот во регионот на АЕК се планирани вложувања од над 850 милијарди долари.

За да се спречат негативните тонови за иднината на Економската заедница на АСЕАН, во Индонезија, најбројната и економски најјака држава во групацијата, деновиве се водеше и парламентарна расправа од која произлегоа низа соопштенија со кои се објаснуваат предностите на здружувањето.

Парламентот во Џакарта усвои и низа препораки поврзани со проектите за слободна размена на работната сила, со кои во некоја рака, барем во првата фаза од функционирањето на АЕК, нема да се дозволи работници од други држави да ги загрозуваат работните места на локалното население. Исклучок ќе бидат експерти и менаџери од седум стопански гранки.

Би можело да ве интересира

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар

Ана Ололовска

Си: Кина нуди 1,5 милијарди долари за развојна помош на земјите од АСЕАН

Ана Ололовска

ВИДЕО: Држави од Азиско-пацифичкиот регион потпишаа најголем светски трговски договор за слободна трговија

Ана Ололовска

Северна Кореја одби учество на самит на АСЕАН

Ана Ололовска

Мун и Абе: Билатералните проблеми може да се решат единствено преку дијалог

Ана Ололовска

Трамп ги покани лидерите на АСЕАН на „специјален самит“ во САД

Ана Ололовска