„Економист“ : Брегзит ги осиромашува Британците

Од:

 Од 23 јуни, кога се одржа референдумот за ЕУ, па до сега, британската фунта ја загуби својата вредност за 16 отсто, а единствена причина за тоа е одлуката на мнозинството гласачи да се определат за Брегзит- пишува британскиот неделник „Економист“.

Весникот тврди дека падот на националната валута и изгласаното напуштање на ЕУ, ги осиромашува Британците чија фунта , во однос на американскиот долар се менува за 1,48 долари, наместо за 1,21.

Анализите покажуваат дека дури 50 отсто од овој пад се врзува за минатата недела, кога премиерот Тереза Меј го обелодени планот на нејзината влада за „тврдо„ и остро излегување на Британија од Унијата.

Тоа значи дека Меј и нејзините министри се определиле за британско излегување и од заедничкиот пазар на ЕУ, за сметка на строгото редуцирање на миграцијата, што „Економист„ го означива како пример за самонаштетување на земјата и нејзините луге.

Таквата одлука, весникот оценува дека го натера меѓународниот пазар да реагира со пад на вредниста на фунтата, што се означува само како еден знак  Британија во периодот по Брегзит, ќе има сериозни проблеми, што ќе натера нејзните луге да страдаат.

Таквата перспектива која се назира, има покренато дилеми кај дел од гласачите кои со мало мнозинство, но сепак сосема доволно, на 23 јуни се определија земјата по 43 години да излезе од ЕУ.

Повеќе дилеми има кај гласачите за Брегзит, па сега, шест отсто од нив велат дека жалат што така гласале пред 100 денови, додека каење е регистрирано само кај еден отсто од оние кои беа притив напуштањето на Унијата.

Ова истражување открива дека шетири отсто од оние за Брегзит и еден од оние за останување во ЕУ, сега се изјаснуваат како неопределени.

Овие два показатела, споени заедно, би биле доволни на еден сега организиран референдум, да гласаат во мнозинство, против Брегзит, констатира „Економист“.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он