Економиите ширум светот во слободен пад, кинескиот БДП со раст од 4,9 отсто

Од:

Втората по големина светска економија, кинеската, доби забрзување во третиот квартал од годината, потпомогната од обновување на потрошувачката на почетокот на есента, а по шокот предизвикан од коронавирусот на почетокот на годината, покажаа денеска објавените официјални податоци на кинеската статистичка служба.

Кинескиот Завод за статистика соопшти дека кинескиот БДП од јули до септември е пораснат за 4,9 проценти, споредено од истиот период од минатата година.

Истовремено, огромно мнозинство земји во светот доживуваат економски пад.

На квартална основа, од јули до септември, БДП порасна за 2,7 проценти, а во вториот квартал беше повисок за 11,5 проценти во споредба со почетокот на годината.

Во периодот од јануари до септември, активностите се за 0,7 проценти повисоки отколку во истиот период минатата година, пренесе Индекс.хр.

Закрепнувањето на кинеската економија од шокот од коронавирусот почна уште рано пролетта, а новите податоци откриваат дека тоа на почетокот на есента се проширило и на потрошувачката, затоа што продажбата на мало во септември се зголемила за 3,3 проценти на годишно ниво и скромните 0,5 проценти во август.

Индустриското производство во септември е со раст од 6,9 проценти, по 5,6 отсто раст во претходниот месец.

Инвестициите на компаниите, исто така, покажуваат забележителни знаци на закрепнување, така што инвестициите во основен капитал во првите девет месеци се повисоки за 0,8 проценти отколку во истиот период од 2019 година, а во првите осум месеци беа пониски за 0,3 проценти.

Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кинеската економија ќе биде единствената во групата големи економии што забележа позитивна стапка на раст од 1,9 проценти.

Би можело да ве интересира

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

Се појави бел чад, избран е новиот папа

Предраг Петровиќ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

(ВИДЕО) Индија испука ракети кон Пакистан, цел беа неколку локации: Исламабад најави жесток одговор

Предраг Петровиќ

Фридрих Мерц е избран за нов канцелар на Германија во вториот обид