Џевахир скај сити ја почна изградбата на третата кула во Скопје која ќе има 344 станови на 40 ката. Досега се продадени 60 станови.
Од компанијата информираат дека првите две кули ќе бидат подготвени за вселување на првите станари кон крајот на 2015 година, а комплетното завршување на целосниот Џеваир Скај Сити комплекс се очекува да биде во 2017 година.
– Нашиот проект ги има предвидено сите меѓународни стандарди и така ќе продолжи со работа. Работната програма си оди според планот, а и продажбите продолжува. Направени се два примерок стана каде може да се видат и да се види квалитетот. Цените за продажба започнуваат од 1.100 евра. Се надеваме дека во македонија ќе продолжиме со градба и олекуваме наскоро да почне изградбата и четвртата кула, изјави генералниот директор на Џевахир холдинг, Есер Џевахир.
Третата кула, како и првите две, ќе биде висока 130 метри и уште 32 метри под земјата од кои осум метри се подземни гаражи, а 24 метри се темелните столбови. Има вкупно 716 столбови и секој е широк по еден метар.
Џевахир Скај Сити комплексот ќе понуди концепт на модерен и живот без ограничувања со сите неопходности што ги има едно семејство, млади брачни парови или самци.
Покрај станбениот дел во себе ќе понуди и дополнителни содржини како трговски центар, фитнес сали, покриени базени, турски бањи, сауни, детски игралишта, сквош и пинг понг игралишта, сопствен паркинг простор на 5 ката, салони.