Дурмиши: До 1 360 денари заштеда по домаќинство од есенската кошничка

Од:

До 1 360 денари заштеда по семејство овозможи есенската кошничка. Мерката беше спроведена успешно и ги даде очекуваните резултати, рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши.

-Очекувам од ноември дополнително намалување на цените зашто почна примената на Законот за трговски практики. Есенската кошничка од вчера веќе не е на сила, но ако дојде до покачување на цените ќе се преземат поригорозни мерки, истакна министерот.

Според него, со есенската кошничка се спречи наглото зголемување на цените.

-Со есенската кошничка цените на производите се намалија за пет до десет отсто. Има и производи кои не се воопшто или се многу малку намалени како лебот, млекото, маслата за јадење, но и производи чии цени се намалени за над 10 проценти, како месото, зеленчукот, млечните продукти,…, повтори министерот.

Дурмиши најави Божиќна кошничка кон крајот на годината, а потоа, рече, ќе има и рамазанска, велигденска,… Кошничките ќе се однесуваат на различни производи зависно од потребите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Дурмиши: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе има поригорозни мерки

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

Завршува мерката за ограничени маржи

Дурмиши најавува ограничување на маржите за речиси сите производи

Дурмиши: Секој има право да излезе на улица и да протестира

Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто

Катерина Ѓуровски