Дуинг бизнис 2018: Македонија меѓу најдобро рангираните економии од регионот

Од:

Македонија е рангирана на 11-тото место во најновото издание на извештајот Дуинг Бизнис на Групацијата Светска банка и заедно со Грузија која е на 9-то и Литванија на 16-то место се најдобро рангирани економии од регионот.

Македонија, како што стои во извештајот, имплементирала 41 реформа, исто како и Казахстан, а Грузија 47, која е со најмногу реформи во изминатите 15 години.

– И покрај пролонгираната политичка криза, Македонија и натаму е една од најдобро рангираните економии според олеснување на бизнисот, вели Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Скопје.

Според него тоа е добра вест, но исто така важно е осврнување кон цела низа фактори и политики кои влијаат врз квалитетот на бизнис климата во една економија и конкуретноста, кои не се опфатени со Дуинг Бизнис, со цел земјата да ја достигне посакуваната цел за стабилни придобивки од продуктивноста и да привлече повеќе инвестиции.

Најважни успеси на Македонија во текот на изминатите 15 години вклучуваат дека е единствена економија со средно-високо ниво на приходи помеѓу најдобрите 20 земји во севкупното рангирање на олеснување водење бизнис. Македонија е на второ место по бројот на спроведени реформи, вкупно 41, помеѓу 20-те најдобри економии.

– Македонија од 2007/2008 година, стои во извештајот, започна со сеопфатни реформи во градежништвото, со кои стана задолжително ангажирањето на приватни инженери лиценцирани од Инженерската комора, за да спроведат независни ревизии на градежните планови. Од тогаш, Македонија забележа значителни подобрувања во ефикасноста на градежната регулатива мерена од Дуинг Бизнис. Компромис беше зголемување на регулаторните трошоци.

Најновото издание на извештајот Дуинг Бизнис на Групацијата Светска банка, кој одбележува 15-годишнина од своето постоење, економиите од регионот на Европа и Централна Азија продолжииле со активни реформски програми со цел подобрување на нивните бизнис опкружувања, создавање работни места и поттикнување на растот.

Дуинг Бизнис 2018: Реформи за создавање работни места забележува 44 реформи во регионот во изминатата година, што доведува до вкупно 673 реформи спроведени во текот на изминатите 15 години.

Би можело да ве интересира

Влада: Македонија и натаму го подобрува рангирањето според „Doing Business“

Наум Локоски

Тевдовски: Македонија на 10 место во светот во извештајот Дуинг бизнис 2019

Наум Локоски

Влошена позицијата на Грција во Дуинг Бизнис 2017

Ана Ололовска