Драги: Дополнителната помош за Грција ќе биде придружена со нови услови

Од:

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги денеска изјави дека секоја дополнителна помош за Грција ќе биде проследена со нови услови.

Тој на прес-конференција уште еднаш нагласи дека Банката нема да ги преземе загубите од грчките обврзници, кои ги поседува, за да го намали долгот на Атина.

Драги даде негативен одговор на прашањето дали ЕЦБ ќе учествува во намалувањето на грчкиот долг.

Грција веројатно ќе има потреба од околу 11 милијарди евра (14,5 милијарди долари) до крајот на 2015 година поради недостигот на приходи, што ги поттикна шпекулациите дека Атина можеби ќе побара и трет спасувачки пакет.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата