Хаб Скопје, Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, и Центарот за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД Македонија, денеска ќе доделат сертификати на 34 млади претприемачи кои успешно ја завршија акцелераторската програма на хабот.
Пред присутните ќе се обратат амбасадорите на САД и на Швајцарија, Џес Бејли и Сибил Сутер Техада, како и директорот на Хаб Скопје Ѓорѓи Кушевски.