Дизелот поевтин за 1,5 денар, бензините поскапи за половина

Од:

Дизелот од денеска се продава по пониска цена за 1,5 денар, а цената на бензините е повисока за половина денар.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 71,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 е 73,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 53,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 42 денара. намалена е и цената на мазутот и изнесува 26,3 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар изнесуваше 58,6 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 55,66 денари за долар.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95