Дизел-горивата поевтини за денар по литар, цената на бензините останува иста

Од:

Цените на дизел-горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,96, односно за 1,2 отсто.

Малопродажните цени на „еуросупер-95“ и на „еуросупер БС-98“ не се менуваат, односно остануваат 61 и 63 денари за еден литар. Новата цена на „еуродизел“ ќе изнесува 48 денари, а на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 36,5 денари за еден литар.

Како причина за промената на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,6 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,42 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Би можело да ве интересира

Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Бензините поевтинуваат за половина денар по литар

Од полноќ нови цени на горивата

Нови цени на горивата