Димитриеска-Кочоска: Eкономијата почнува да се опоравува и постепено да се стабилизира

Од:

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска смета дека растот на БДП од 3,2% проценти во четвртиот квартал од годината е сигнал дека економијата почнува да се опоравува и постепено да се стабилизира.

-Економијата покажува значителни знаци на опоравување и стабилизирање – резултат на политиките што ги спроведува Владата. Потврда за истото стигнува од објавените податоци на Државниот завод за статистика за раст на БДП во последниот квартал од 2024 година од 3,2%. Затекнавме економија која беше во стагнација со раст на БДП од 1,2% во првиот квартал, 2,3% во вториот квартал. Тоа бараше итни и неодложни мерки на краток рок за да овозможиме економијата да почне да се опоравува и да се фокусираме на политики коишто ќе овозможат засилена економска активност со просечни стапки од 5 проценти, напиша министерката за финансии на својот ФБ профил.

Таа додава дека инвестициите се главна карика на концептот на оваа Влада и дека со тој концепт ќе се продолжи и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Голем е интересот за изградбата на брзата пруга од Коридорот 10

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите остануваат приоритет

А1он

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти

Димитриеска- Кочоска: Од 1 јули намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија

Димитриеска-Кочоска за Договорот со Велика Британија: Се ќе биде согласно закон и транспарентно

А1он

Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто