Десетте држави на АСЕАН, кои од почетокот на идната година ќе функционираат како економска заедница, со правила слични на Европската унија, важниот чекор кон регионалната итнтеграција ќе го зајакнат и со нов договори за слободна трговија на членките на АСЕАН со Кина, Јапонија и Јужна Кореја.
Договорот за послободна економска соработка со Кина, Јапонија и Јужна Кореја го утврдија министрите зе економија на Малезија, Индонезија, Брунеи, Сингапур, Филипините, Лаос, Виетнам, Мјанмар, Камбоџа и Тајланд на минатонеделните состаноци на групацијата, одржан минатата недела во Куала Лумпур, со трите држави посебно.
Овие договори треба да овозможат економската размена на АСЕАН со Кина од сегашните 366 милиони да порасне на милијарда долари во 2.020 година.
Значаен пораст се предвидува и во размената со Јапонија, од сегашните 229 н 450 и со Јужна Кореја од сегашните 79,8 на 220 милиони долари во 2.020 година.
Државите на АСЕАН, чиј заеднички БДП лани изнесуваше околу 2.000 милијарди долари, планираат во 2020 година тој да биде најмалку 3.500 милијарди долари.
Водечка економија во регионот е Индонезија, која годинава ќе има БДП од милијарда и 112 милиони долари, но по приходи по глава на жител убедливо водат помалите држави, Сингапур и Брунеи.