„Денови на македонскиот мед“ во Скопје

Од:

Повеќе видови мед и пчелни производи од пчелари од цела Македонија ќе бидат изложени на 12. манифестација „Денови на македонскиот мед“, која од денеска до недела ќе се одржува на улицата „Македонија“ во општина Центар.

Организатор на манифестацијата е пчеларското здружение „Матица“ од Скопје. Посетителите ќе имаат можност за директни контакти со пчеларите и да добијат совети како да се препознае квалитетен мед. Традиционално е предвидена дегустација за амбасадорите во државата и избор на највкусен мед, како и учество на основци од училиштата во општина Центар.

Во Македонија постојат над 8.000 пчелари со над 260.000 пчелни семејства. Годинава, според сознанијата на Пчеларската федерација, просекот на добиен мед е многу слаб со само 1,8 килограми презимено пчелно семејство и 7,3 килограми од селидбено пчеларење.

Според статистичките податоци, во Македонија на годишно ниво се троши само 700 грама мед по глава на жител, во Германија потрошувачката е 9, а во Јапонија 16 килограми. Кај нас, посочуваат од федерацијата, медот се користи како лек, а во другите држави претставува храна.

Би можело да ве интересира

Пчелите и медот да бидат заштитени со закон, граѓаните да научат како се препознава вистински мед

Ана Ололовска

Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени

Ана Ололовска

Втор меѓународен натпревар за квалитет на мед „Tetovo honey awards 2020“

Ана Ололовска

Саем за мед во Скопје од денеска до недела

Ана Ололовска

Медот и пчелите да се заштитат со закон, бара здружението „Матица“

Ана Ололовска

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

Ана Ололовска