Делегација на Ревизорското тело од Македонија во работна посета на Европскиот суд на ревизори

Од:

Зајакнување на соработката помеѓу Ревизорското тело за ревизија на ИПА од Македонија и Европскиот суд на ревизори, размена на искуства од областа на ревизорскиот пристап при ревизија на Европските фондови како и можност ревизори од Ревизорското тело да посетуваат обуки во Европскиот суд на ревизори во Луксембург, било разговарано на средбата меѓу Главниот ревизор за ИПА од Македонија Адем Цури и Финскиот член на бордот на Европскиот суд на Ревизори и член на групата 3 Хану Такула.

Високата делегација од Ревизорското тело за ревизија на Инструментот за претпристапна помош од Македонија предводена од Цури, која од вчера е во официјална посета на Европскиот суд на ревизори во Луксембург, остварила работен состанок и со директорот на Директоратот за контрола на квалитетот на ревизијата Џефри Симпсон, шефот на кабинетот на Финскиот член на бордот на Европскиот Суд на ревизори Туро Хентила, со раководителот на ревизијата на Директоратот Јуси Брајт и со раководителот на ревизијата во групата 3-Надворешни активности Денис Вернер, под чија надлежност за контрола и ревизија се Европските фондови кои Македонија ги користи преку ИПА.

На состанокот, како што информираат од Ревизорското тело на Македонија, домаќините го презентирале искуството на Европскиот суд за ревизори по ревизија на Европските фондови како и нивната соработка со другите ревизорски институции. Главниот ревизор Цури за време на посетата дал интервју и за официјалниот весник на Европскиот суд.

Би можело да ве интересира

Димовски верува дека денеска ќе се случи конечен избор на државен ревизор

Ана Ололовска

Нов обид за избор на главен државен ревизор

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Ќе ни ги исечат струјата и водата, а не ќе можеме да правиме ревизија на изборната кампања“, ревизорите гневни што се блокирани

Васко Маглешов

АНАЛИЗА: Регулаторната комисија за енергетика под лупа на ревизорите!

Ана Ололовска

11 години ревизорите не ѝ ја проверуваат сметката на Владата

Васко Маглешов

АНАЛИЗА: Како се продавало и отуѓувало државното градежно земјиште – наоди на ревизија!

Ана Ололовска