Дејселблум засега не ги коментира новите предлози на Атина

Од:

Претседателот на Еврогрупата Јерум Дејселблум засега нема да ги коментира продлозите за структурни реформи што синоќа му ги достави Владата во Атина, соопшти неговиот портпарол Михел Рејнс.

– (Дејселблум) нема да ги коментира предлозите се додека меѓународните институции не ја завршат својата оценка (по предлозите), рече Рејнс.

Усвојувањето на планот за структурни реформи во Грција е услов за овозможување на трет пакет за финансиска помош за Атина, без кој земјата би се соочила со банкрот и најверојатно би морала да ја напушти еврозоната.

Третата програма за помош на Грција треба да биде обезбедена во рамките на Европските стабилизациски механизми. Брисел инсистира на исплата на помошта, дури откако Атина ќе почне со спроведување на нови мерки на буџетско штедење.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина