Цукерберг ги продал своите акции пред падот на цената на Фејбук

Од:

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг продал 30,2 милиони од своите акции по цена од 37,5 долари и заработил 1,13 милјарди долари.

Со оглед на тоа што цената на акциите паѓа и сега изнесува 31 долар по акција, изгледа дека продажбата на Цукерберг му заштедила околу 175 милиони долари.

За да биде иронијата уште поголема, аналитичарите предвидуваат пад на цената на само 9,59 долари.

Според странските медиуми, откриено е дека и дел од директорите на Фејсбук биле предупредени дека приходите ќе бидат пониски од очекуваните. Затоа, дел од акционерите веќе поднесле тужба против компанијата и банките кои стоеја зад нејзиното излегување за првпат на берзата во Њујорк. Случајот го истражува и Американската компанија за хартии од вредност.

Акционерите тужат бидејќи постои сомневање дека тие Компанијата и банките имале информации за лошите приходи, а не ги изнесле пред јавноста.

Откриено е дека проценките за идните заработки на Фејсбук биле намалени пред акциите да бидат ставени на берзата, но банките и аналитичарите овие информации ги поделиле само со големите привилегирани инвеститори, додека останатите останале во заблуда.

Сега останува прашањето, дали со ова главните купци профтираа на сметка на многубројните ситни акционери кои ги купија скапите акции.

Би можело да ве интересира

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година

Ана Ололовска

За неколку часа богатството на Закерберг се намали за шест милијарди долари

Ана Ололовска

Профитот на Фејсбук поголем за 10 милијарди долари во вториот квартал од лани

Ана Ололовска

Вибер ги прекинува деловните односи со Фејсбук

Ана Ололовска

Како изгледа работата на Facebook и Google кампањи за компании од Силиконската долина од Македонија?

Ана Ололовска