Чистка на врвот на јапонскиот Кобе Стил

Од:

Хироја Кавасаки најави дека ќе поднесе оставка како директор на Кобе Стил, третиот најголем производител на челик во Јапонија, по скандалот во кој се открие дека компанијата доставувала лажни спецификации за своите производи до над 500 потрошувачи.

– Откривме дека овие неприфатливи постапки биле широко распространети и дека многумина знаеле за нив, вклучително и дел од раководството, соопшти компанијата по четиримесечната интерна истрага.

Оставка ќе поднесе и потпретседателот на компанијата Акира Канеко, додека на повеќето директори ќе им бидат намалени платите. Компанијата се соочува со истрага и во САД, по сознанието дека голем број производители на автомобили, авиони и возови добиле јапонски челик со фалсификувани податоци за техничките својства.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он