Четири компании наградени за најуспешни претприемачи во 2016

Од:

Четири компании добија награди за најуспешни претприемачи за 2016 година, на  синоќешното  јубилејно 10. издание на престижната манифестација „Претприемач на годината“.

Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Деан Бадаревски од „Софа студио“ – Скопје, а втората награда на Васко Брдаровски од „Евросуровина ПА“ – Битола.

Првонаграден во категоријата на микро претпријатија е Хашим Хасани од „Хотел Скардус“ – Тетово, а втората награда  ја доби Биљана Кукловски од „Чоко авијаторс“ – Скопје.

Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2016“ е направена врз основа на податоците од Централниот регистар на РМ. Педесет и шест микро и мали претпријатија, во периодот од 2013 до 2015 година, имаат реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции.

– Во услови на двегодишна политичка неизвеснот, надворешни влијанија на мигрантската криза, како и потешкотиите во економиите на соседните земји, многу е важно да ги поздравиме компаниите кои три години по ред континуирано бележат раст со што успеаја да влезат во категоријата на најдобри мали и микро претпријатија, изјави на доделувањето на наградите  претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска.

Главни организатори на „Претприемач на годината 2016“ се Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на северозападна Македонија. Коорганизатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Институционален покровител е Министерството за економија на Република Македонија.

На манифестацијата „Претприемач на годината“ во изминатите десет години се наградени 40 претприемачи, а Министерството за економија додели вкупно шест специјални награди. Идејата на организаторите е да се поттикне претприемачкиот дух, преку промоција на успешни примери.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември

Ана Ололовска

Во „Македонско село“ младите претприемачи ќе отвораат сопствен бизнис без плаќање режиски трошоци

Ана Ололовска

380 компании заинтересирани за грант за брзо закрепнување од Ковид-19, предност имаат раководените од жени

Маја Илиевска-Пачемска

Агенцијата за претприемништво објави јавен повик за менторски услуги

Ана Ололовска

ССК: Претприемачите трпат штети и немаат алтернативен начин за вршење дејност

Ана Ололовска