Чакаровски: Машинскиот персонал во бојкот, железничкиот сообраќај во прекин

Од:

Машинскиот персонал во МЖ Транспорт АСД Скопје е во бојкот поради неисплатен втор дел од септемвриската плата, а во целосен прекин се товарниот и патничкиот железнички сообраќај, изјави денеска Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.

Чакаровски информираше дека товарниот сообраќај е намален за 90 проценти уште во саботата по 15 часот, а утринава од 7 часот е во целосон прекин патничкиот сообраќај. Според возниот ред, прв од патничките возови што според најавите нема да тргне е на релацијата Скопје-Велес предвиден за 09.20 часот.

-Бојкотот ќе трае се до исполнување на поставеното барање за исплата на вториот дел од септемвриската плата, изјави Чакаровски.

Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше на почетокот на август поради неисплатен втор дел од платата за јуни. Откако беше исполнето барањето претставниците на машинскиот персонал го прекинаа бојкотот, но најавија повторни блокади ако не се реализира обврската за исплатата на платата најдоцна до 25-ти во месецот.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Мицкоски: Лудо е како Влада да прифатиме изградба на тунел без излез, а притоа истиот да чини 800 милиони евра

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Во прекин железничкиот сообраќај, вработените од влеча на возови бараат исплата на априлската плата