Централната банка на Босна и Херцеговина очекува висока стапка на инфлација

Од:

Централната банка на Босна и Херцеговина денеска предупреди дека земјата годинава ја очекува голем раст на инфлацијата, поради неповолните економски влијанија и постојаниот раст на цените, предизвикани од руската инвазија на Украина.

„Инфлацијата за првата половина од годинава ја проценуваме на 9.2 отсто“, се наведува во соопштението на банката. Инфлацијата за првата половина од 2022 година, во декември е проценета на 4.5 отсто.

Силниот раст на инфлацијата се темели на очекуваното зголемување на цените на нафтата, гасот и на храната на меѓународните пазари за испорака за првите шест месеци годинава.

Забавување на инфлацијата се очекува во втората половина од годината, првенствено поради базниот ефект од 2021 година и претпоставката дека нема да има натамошен интензивен раст на цените на храната и на енергијата.

Се предупредува дека сите прогнози се несигурни.

Постои закана и од зголемување на цената на електричната енергија, Босна и Херцеговина ја има доволно за свои потреби, но, трошоците за производство, веројатно, ќе мора да се усогласат со тие на светскиот пазар.

Влијание ќе има и на очекуваниот раст на БДП, што претходно за 2022 година е проценет на ниво од 3.9 отсто, а сега е извесно дека ќе биде значително помал, но, од банката не наведуваат колку ќе изнесува тоа намалување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница