Цените на нафтата денес нагло паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи својата закана за напад врз цивилната инфраструктура на Иран за две недели.
Тој го опиша потегот како „билатерално примирје“ кое зависи од повторното отворање на Ормутскиот теснец од страна на Иран, објави „Трејдинг економикс“.
Суровата нафта Брент падна за повеќе од 12 проценти, на ниво од околу 95 долари за барел, како и американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate), која падна за нешто помалку од 16 проценти.
