Цените на бензините паѓаат за седум ипол денари, на дизелот за шест денари

Од:

Рекордно намалување на цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ. Бензините ќе се намалат за седум и пол денари, а дизелот за шест денари за литар. Намалувањето е резултат на драстичниот пад на цената на суровата нафта на светските берзи поради новонастаната ситуација со коронавирусот.

– Со оваа одлука покажавме дека нашата методологија функционира и во пракса и е целосно ориентирана кон потрошувачите. Цената на безините 95 и 98 се намалуваат за 7,5 денари, а на дизелот за шест денари. Ова е пониско од рекордното намалување есента 2008 година кога цената на бензините се намали за седум денари, а на дизелот за 5,5 денари, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, додавајќи дека цената на бензините и на дизелот е пониска во однос на државите од регионот.

Бислимоски порача дека електроенергетскиот систем, системот за топлинска енергија и снабдувањето со вода се одвива непречено и оти нема никакви проблеми.

Регулаторната комисија за енергетика, како што истакна, ќе работи со дежурства и сите контакти со граѓаните ќе се одвиваат по електронски пат. Архивата на РКЕ ќе биде затворена, а граѓаните ќе можат дописите да ги доставуваат на соодветно обезбедено место или се препорачува тоа да го прават преку пошта.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95