Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети, од ноќеска на полноќ нова пониска цена ќе има Ексстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Според одлуката малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 25 јануари 2021 година.
Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати, како и изминатата недела ќе изнесуваат 61 денар за литар Еуросупер БС-95, 63 денари Еуросупер БС-98, 52 денара Еуродизелот. Новата малопродажна цена на Екстра лесното ќе изнеусва 41 денар, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,168 денари за килограм и ќе изнесува 31,436 денари.
Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 0,407 отсто, дизелот за 0,57 отсто, екстра лесното масло за 2,317 отсто, додека кај мазутот има зголемување од 0,949 отсто .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,152 отсто.