Цената на пченката повторно скокна на европскиот пазар

Од:

Цената на пченката денеска повторно скокна на европскиот пазар во контекст на блокираните украински пристаништа и се уште затвореното Азовско Море.

Напладне на берзата Еуронекст, тон пченка за испорака во март поскапе за 31,75 евра на 321 евро, а јунските договори додадоа 15,75 евра на 284 евра.

И пченицата поскапе, но не толку нагло, бидејќи мартовските договори додадоа 21,25 евра на цената од 311,25 евра за тон.

Мапата што го прикажува движењето на товарните превозници, објавена од Inter-Courtage, утринава покажа дека Азовското Море е се уште забрането и дека украинските пристаништа се де факто блокирани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пченицата и пченката поскапеа по руското повлекување од Договорот за извоз преку Црното Море

Со поддршка на УСАИД рекордни приноси пченка во Пелагонија

Ана Ололовска