ЦЕА: Покривањето на долговите на општини ја еродира правната држава

Од:

Центарот за еконмски анализи смета дека барањата од страна на единиците на локална самоуправа за генерирање на долг кој би бил евентуално покриен од централната власт за да бидат покриени неплатените обврски кои општините и јавните претпријатија при ЕЛС ги имаат генерирано води кон натамошно еродирање на правната држава, одржвање на заробеноста на држава и синдикализирање на трошоците од неодговорното работење на избрани и именувани функционери.

ЦЕА бара:

1. Владата во рамките на Ревизорскиот Комитет кој е формиран во 2007 година да направи соодветна анализа за состојбата, причините, структурата, финансиските и економските ефекти од неплатените обврски од страна на ЕЛС и да ја детектира одговорноста која мора да биде индивидуализирана

2. Министерството за финансии во рамките на ревизорскиот Комитет кој е формиран 2012 година да направи соодветна анализа за состојбата, причините, структурата, финансиските и економските ефекти од неплатените обврски од страна на ЕЛС и да ја детектира одговорноста која мора да биде индивидуализирана

3. ДЗР активно да соработува и да изготви сумарен извештај за оние ЕЛС кои биле субјект на ревизија за тоа кои биле наодите и препораките, а во директна или последователна врска со неплатените обврски, потоа дали било постапено по препораките, кои ЕЛС не постапиле по препораките и зошто.

4. Јавното обвинителство да покрене истрага по овие анализи и таму каде има основано сомневање за кривични дела соодветно да постапи e. Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините да изготви извештај за ситуацијата со неплатените обврски и да даде предлози за подобрување на системот согласно член 15 од Законот за финансирање на ЕЛС.

Би можело да ве интересира

ЦЕА: Северна Македонија го подобри своето меѓународно рангирање во буџетска транспарентност

Ана Ололовска

Анализа на ЦЕА во однос на препораките од ММФ

Ана Ололовска

ТИ и ЦЕА: Да се надмине проблемот со патните трошоци на пратениците

Наум Локоски