Бритиш ервејс ја прекина продажбата на билети за кратки дестинации од аеродромот Хитроу

Од:

Бритиш ервејс денеска објави дека ја суспендира продажбата на билети за летови на кратки дестинации од лондонскиот аеродром Хитроу на околу една недела, како одговор на барањето на аеродромот да одговори на проблемите предизвикани од порастот на побарувачката и недостигот на кадар.

Авиокомпанијата соопшти дека презема мерки откако Хитроу го ограничи дневниот број на патници на 100.000 до 11 септември. Аеродромот побара од авиокомпаниите да ја намалат продажбата на билети и да ги намалат летовите, што предизвика критики.

Патничкиот сообраќај на Хитроу и другите европски аеродроми се зголеми по две години ограничени патувања, за што аеродромите и авиокомпаниите не беа подготвени бидејќи отпуштија илјадници работници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

150 патници на Бритиш Ервејс патувале речиси 24 часa од Лондон до Дубровник

Првиот човек на „Бритиш Ервејз“ поднесе оставка

Жарко Настоски

Двонеделен штрајк на кабинскиот персонал на „Бритиш Ервејз“

Наум Локоски