Познатата голема компанија за дистрибуција и продавање на ЦД и ДВД и едно време дискографска куќа ХМВ (Хиз мастер воис), е ставена под принудна управа. Оваа мерка е преземена поради лошите финански резултати на фирмата, што сега има 239 продавници низ Велика Британија. Соопштението за ставањето на ХМВ под принудна управа веднаш ги прекина сите трансакции на компанијата на лондонката берза.
Принудната управа треба да обезбеди продавање и нов сопственик за ХМВ, а доколку во тоа не се успее, компанијата ќе биде ликвидирана. Тоа ќе предизика 4.350 луѓе да останат без работа.
ХМВ е најновата жртва на долгата економска стагнација во која се наоѓа британската економија, но домашните економски експерти тврдат дека компанијата е повеќе жртва на новото време и пред се на дигиталната технологија, отколку на лошото работење на менаџментот на компанијата. Последната мерка на раководството беше да изврши намалување на своите прозводи за 25 отсто, на неопределено време, но се покажа дека тоа не е доволно.
Дури 73,4 отсто од музиката и од филмовите сега се даунлодираат, па потребата од компанија како ХМВ, која нуди ЦД и ДВД изданија изгледа небитна и сосема неважна за денежниот пазар. Компанијата ХМВ е создадена во 1921 година.