Британија излезе од рецесија

Од:

Велика Британија во третиот квартал излезе од својата најдолга рецесија од ’50-те години на минатиот век, откако оствари раст од еден процент на тримесечното ниво.

Бруто домашниот производ на Велика Британија, односно вкупната вредност на произведените добра и услуги, се зголеми во три месеци заклучно со септември многу повеќе од што се очекувало, по падот во изминатите три квартали.

Аналитичарите очекуваа дека Велика Британија, членка на Европската унија, но не и на еврозоната, во третото тримесечие остварила раст од 0,6 отсто на квартално ниво. Таа земја кон крајот на 2011 година ја зафати долг бран на рецесија.

– Се проценува дека БДП во минатото тримесечие се зголемил за еден процент во однос на вториот квартал. Најголем придонес за растот дал секторот на услуги. Во производниот сектор исто така дојде до раст на активностите, додека пад е забележан во градежниот сектор, се наведува во соопштението на британскиот Завод за статистика.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство