Бразилецот Роберто Азеведо нов директор на СТО

Од:

Бразилецот Роберт Азеведо е избран за нов генерален директор на Светската трговска организација (СТО), соопштија синоќа дипломатски извори.

Во последниот и решавачки круг од гласањето за време на собирот на СТО во Женева, Азеведо го победи поранешниот мексикански министер за трговија Ерминио Бланко.

Азеведо на должноста прв човек на СТО ќе го наследи Паскал Лами, чиј мандат истекува на 31 август. Тој воедно ќе биде и првиот Јужноамериканец на чело на СТО од нејзиното формирање во 1995 година.

Резултатите од гласањето за избор на директор на СТО официјално ќе бидат објавени утре. По објавувањето на информациите дека е избран за нов директор, Азеведо изјави дека е задоволен затоа што добил поддршка од „сите категории на земји“.

Азеведо, кој досега беше бразилски амбасадор при СТО, ќе мора да се справи со големите предизвици со кои се соочува

Организацијата во услови на економската криза и пат позицијата во преговорите за либерализацина на глобалната трговија.

Би можело да ве интересира

Русија, засега, не се повлекува од СЗО, СТО и ММФ

Ана Ололовска

Русија планира да ги напушти Светската здравствена и Светската трговска организација

ЕУ ја тужи Британија пред СТО поради зелените субвенции

Ана Ололовска

СТО го одложи министерскиот состанок поради новиот „омикрон“ сој на коронавирусот

Ана Ололовска

Шефицата на СТО ги повика земјите да ги укинат трговските бариери кои ги воведоа во пандемијата

Жарко Настоски

Окоњо Ивеала: Работите во СТО ќе ги променам од темел, приоритет пандемијата

Ана Ололовска