Бразилецот Роберто Азаведо и официјално прв човек на СТО

Од:

Бразилецот Роберт Азеведо, кој на 7 мај беше избран за нов генерален директор на Светската трговска организација (СТО), денеска вети дека ќе го заживее делувањето на организацијата.

-Ќе продолжам да работам со Вас во новото и многу предизвикувачко опкружување, рече Азевадо, кој и натаму е бразилски амбасадор во ова 159-члено тело, по седницата на СТО во текот на кој беше потврден неговиот избор, пренесуваат француските медиуми.

-Во оваа организација работам во последните 15 години и сведок сум на нејзините далеку подобри денови. На сите членови им ветувам дека заедно со нив ќе работам на враќањето на улогата и значењето што СТО го заслужува и што мора да го има, рече Азеведо.

Една од задачите на новиот лидер на СТО ќе биде обновување на преговорите за либерализација на меѓународната трговија.

Овој 55-годишник на 1 септември ќе стапи на функцијата генерален директор на СТО, кога ќе заврши вториот четиригодишен мандат на актуелниот директор Паскал Лами.

Би можело да ве интересира

Шефицата на СТО ги повика земјите да ги укинат трговските бариери кои ги воведоа во пандемијата

Жарко Настоски

Окоњо Ивеала: Работите во СТО ќе ги променам од темел, приоритет пандемијата

Ана Ололовска

Окоњо-Ивеала ја презеде должноста генералнa директорка на СТО

Ана Ололовска

СТО на 15 февруари ќе го избира новиот директор

Ана Ололовска

Вашингтон ја поддржува кандидатката од Африка за директорка на СТО

Ана Ололовска

Tри жени во трката за директор на СТО

Ана Ололовска