Бран поскапувања во Шпанија

Од:

Заради економската криза Шпанија во 2013 година влезе со зголемување на цените во повеќе сектори, јави агенцијата Анадолија.

Од 1 јануари 2013 година најмногу се зголемија цените на електричната енергија, поштарината и во железничкиот сообраќај, како и цената на патарините.

Цената на електричната енергија е зголемена од три до седум отсто, цената на билетот во железничкиот сообраќај за повеќе од три отсто, додека цените на автобускиот превоз за повеќе од шест отсто. Исто така, цената на патарината се зголемила за 2,4 отсто.

Владата ги повика Шпанците во 2013 година да покажат пожртвуваност за полесно да излезат од кризата.

Платите на државните службеници се замрзнати, а зголемувањето на минималниот доход изнесува само 0,6 отсто, што е само 641 евра. Пензиите и платите од илјада евра се зголемени за два отсто. Сите останати лични примања се зголемени за само еден отсто.

Националниот институт за статистика објави дека во 2012 година стапката на инфлација изнесувала 2,9 отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина Романци, сите роднини, се степаа на улица во Шпанија

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Двојно убиство во Барселона: Маж ја убил својата поранешна, но и сегашната партнерка

Момче е убиено на фудбалски терен во Толедо

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Србин баран со потерница од Интерпол е убиен во Шпанија